Top Sport

Ван дер Мејде: Зијеш згреши, Челси не се врвен тим

Поранешниот холандски репрезентативец, Енди ван дер Мејде вели дека е зачуден што Хикам Зијеш решил да направи трансфер од Ајакс во Челси, бидејќи тоа не е „врвен тим“ во светскиот фудбал и дека требал да чека на понуда од Баерн Минхен.

Се веруваше дека Баерн се заинтересирани за мароканскиот фудбалер, пред да се открие дека тој склучил договор да се пресели летово во клубот од „Стемфорд бриџ“ за 40 милиони евра. Ван дер Мејде вели дека 26-годишниот Зијеш направил клучна грешка.

„Можеби беше време да замине, и мислам дека Хаким е подготвен за следниот чекор. Но, искрено не очекував да отиде во Челси. Тоа не е врвен тим, ниту стабилен клуб. Очекував Баерн Минхен или клуб од таков калибар. Секако, ако Манчестер сити навистина се казнети, а работите се сменат во Ливерпул, можеби и Челси ќе биде во борба за титулите, но искрено сега не би останал дома да гледам нивни меч“, вели Ван дер Мејде, кој дел од својата кариера ја помина во Премиер лигата со тимот на Евертон.

Scroll to Top