Top Sport

Ван дер Сар останува на интензивна нега во сплитската клиника, состојбата е загрижувачка

Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар (52) вчера заврши на прегледи на главата во клиничкиот центар во Сплит и се наоѓа на одделот за интензивна нега, поради крварење во мозокот. Лекарите по еден ден не го пуштаат дома, ќе мора да остане на интензивна нега.

Неговиот поранешен клуб Ајакс ја објави информацијата на барање на неговото семејство.

„Едвин ван дер Сар останува на интензивна нега до понатамошна одлука. Неговата состојба е стабилна, но загрижувачка. Ајакс ја споделува информацијата во име на неговата сопруга Анамари ван дер Сар. Семејството Ван дер Сар е благодарно и длабоко трогнато од сите пораки на поддршка“, објави Ајакс.

Ван дер Сар беше еден од најдобрите светски голмани во својата ера, а по завршување на кариерата се определи да работи како спортски директор. На крајот на мај ја напушти директорската позиција во Ајакс. На таа позиција во својот матичен клуб помина 11 години, а си замина две години пред истекот на договорот.

 

 

Scroll to Top