Top Sport

Ѓорческа остана без титула во двојки на турнирот во Летонија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до титула во игра на двојки на ИТФ турнирот во Летонија. На финалето во Лиепаја, Ѓорческа во двојка со Чагла Бујукакчај загубија во три сета од Семенистаја/Висман.

Ѓорческа и Бујукакчај го загубија првиот сет со 6:4 во гемови, но одиграа одлично во вториот и го добија со 6:2.

Сепак, потфрлија во одлучувачкиот сет каде беа поразени со 10:3.

Scroll to Top