Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал го објави списокот за Светското првенство во Катар. На спискот има 39 имиња, од нив Ван Гал ќе одбере 26 фудбалери, кои ќе ја претставуваат Холандија на мундијалот.
Селектортите на сите национални тимови конечните списоци до ФИФА ќе треба да ги достават најдоцна до 14.ноември. Инаку, според препораките на ФИФА, на поширокиот список селекторите ќе можат да стават најмногу 55 играчи.
Предводникот на Холандија, Ван Гал, пак, не беше задоволен што мораше да стави толку играчи на списокот.
„Списокот е долг и да бидам искрен, тоа не е мој стил. Но, барем е јасно дека момците што ќе ги изберам да одат на првенството ќе бидат од оваа листа. Бидејќи никој не може да гледа во иднината, мораме да бидеме подготвени за сите проблеми и можни повреди“, објасни Ван Гал.
Поради повреди Ван Гал не може да смета на Жоржињо Вајналдум и Бруно Мартинс Инди.
На списокот на Холандија се:
голмани: Џастин Бејлоу (Феенорд), Јаспер Силесен (НАК Бреда), Марк Флекен (Фрајбург), Андрес Ноперт (Херенвен), Ремко Пасвер (Ајакс)
дефанзивци: Нејтан Аке (Манчестер Сити), Мичел Бејкер (Леверкузен), Дејли Блинд (Ајакс), Свен Ботман (Њукасл), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Дензел Дамфрис (Интер), Џереми Фримпонг (Леверкузен), Матијс де Лихт (Баерн, Тајрел Маласија (Манчестер Јунајтед), Девин Ренш (Ајакс), Паскал Стрик (Лидс), Јуриен Тимбер (Ајакс), Мики Ван де Вен (Волфсбург), Стефан де Фрај (Интер),
играчи од средниот ред: Стивен Бергуис (Ајакс), Жорди Класи (АЗ Алкмар), Рајан Гравенберч (Баерн), Франк де Јонг (Барселона), Дејви Класен (Ајакс), Тун Копмајнерс (Аталанта), Мартен де Рон (Аталанта), Чави Симонс (ПСВ Ајндховен), Кенет Тејлор (Ајакс), Гас Тил (ПСВ Ајндховен),
напаѓачи: Стивен Бергвејн (Ајакс), Брајан Броби (Ајакс), Арно Данџума (Виљареал), Коди Гакпо (ПСВ Ајндховен), Винсент Јансен (Антверпен), Лук де Јонг (ПСВ Ајндховен), Ноа Ланг (Клуб Бриж), Даниел Мулен ( Дортмунд), Мемфис Депај (Барселона), Вут Вегхорст (Бешикташ).
Холандија на Мундијалот ќе игра во група со Сенегал, Еквадор и Катар.