Top Sport

Кари и Вориорс ја добија „војната на тројки“ со Сакраменто (видео)

Стеф Кари постигна 10 тројки за да стигне до 42 поени, а Голден Стејт вориорс со 127:123 победија на гости кај Сакраменто кингс во меч во кој се поставирекордот на постигнати тројки во историјата на НБА лигата.

Вориорс имаа 21-од-47 од ударите за тројки, додека Кингс имаа 20-од-36, со што 41-та тројка е за една подобра од рекордниот меч од минатата сезона меѓу Минесота и Кливленд. Кари, кој 20 од своите поени ги постигна во последната четвртина, одлучувачката тројка ја постигна за 123:121 водство на 2:03 пред крајот. Кевин Дурент додаде 29 поени и 9 асистенции, а Клеј Томпсон 20 поени.

Србинот Никола Јокиќ имаше неверојатна партија со 39 поени и 12 скока за да ги предводи Денвер до 123:110 домашна победа над Шарлот. Гери Херис додаде 17 од клупата за Денвер, кои сега имаат пет победи во низа и девет во последните 11 меча.

За Шарлот, Кемба Вокер имаше 20 поени, а Марвин Вилијамс, Бизмарк Бијомбо и Малик Монк по 16 поени.

Супер-партија имаше и Кавај Ленард со 30 поени, 6 скока и 5 асистенции за Торонто да триумфира со 123:116 на гости кај Милвоки бакс.

Паскал Сиакам додаде 30 поени за рапторс, а Серж Ибака заврши со 25 поени и девет скока, за Торонто првпат да ги победи Бакс во третиот меѓусебен меч оваа сезона. Јанис Адетокумбо имаше 43 поени и 18 скока за Бакс, кои имаа шест победи дома пред крајот на серијата.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Јута 105:110

Филаделфија – Далас 106:100

Кливленд – Њу Орлеанс 98:133

Милвоки – Торонто 116:123

Сан Антонио – Мемфис 108:88

Портланд – Хјустон 110:101

Сакраменто – Голден Стејт 123:127

Scroll to Top