Луис ван Гал повторно влезе во напад на својот проанешен клуб, велејќи дека во неговите две сезони на „Олд Трафорд“ клубот кој се фалел со 600 милиони годишен приход не успеал да ги донесе засилувањата кои ги посакувал
Холанѓанецот стана тренер на Јунајтед во 2014 година по неуспешниот „експеримент“ со Дејвид Мојс, но беше отпуштен откако го освои ФА купот за да направи место за Жозе Мурињо. Тој тврди дека добил тим кој старее и сакал да го освежи со нови засилувања, но очекувал многу повеќе од богат клуб со славна историја.
„Манчестер јунајтед немаа квалитети да станат шампиони и имаа застарен состав со 10 фудбалери над 30 и пет над 35 години. Затоа им кажав дека мора да се подмладиме и им дадов листа на фудбалери од кои не добив ниту еден. Така дојдов во ситуација како тренер да ги туркам моите граници. Не го очекуваш тоа од најбогатиот клуб на светот. Приход од 600 милиони фунти и не можат да ми ги донесат играчите кои ги барам. Треба да го купите број 1, а не број 7“, објаснува Ван Гал.
Холанѓанецот сепак е горд за тоа што и во вакви услови успеал да освои ФА куп.
„Јас сум оптимист. Треба да ме разочарате повеќе од еднаш и секој добива втора шанса со мене. Манчестер јунајтед освоија ФА куп и според мене се најголемиот успех во мојата кариера“, додава Ван Гал.