Top Sport

УФЦ: Оверим го „здроби“ Олејник во првата рунда (видео)

Холандската УФЦ ѕвезда Алистер Оверим го победи Русинот Алексеј Олејник во дуел на двајца ветерани во тешката категорија на УФЦ Санкт Петербург, покажувајќи дека е подобриот фајтер.

Оверим и Олејник почнаа бурно, со многу удари и Холанѓанецот мораше да влезе во дефанзива на стартот, добвивајќи удари во телото, пред во последните 15 секунди да го „реши“ Олејник во преполната „Јубилејниј палата“. Олејник остана да лежи неподвижен на подот. Олејник беше замена за својот сонародник, повредениот Александер Волков. Ова е 23. нокаут во кариерата на Оверим.

Во уште еден меч во тешка категорија, Русинот Сергеј Павлович ја забележа првата победа во УФЦ октагонот, нокаутирајќи го Бразилецот Марсело Голм во првата рунда. 26-годишниот Павлович претходно во ноември загуби токму од Оверим по 12 победи.

Scroll to Top