Поранешниот холандски селектор, Луис ван Гал вели дека наскоро ќе дознае дали неговата операција за ракот на простатата бил успешен, но додава дека би било „чудо“ ако повторно може да оди во тоалет сам.
72-годишниот поранешен тренер на Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, откри дека се бори со ракот пред Светското првенство во Катар минатата година, по што бил на 25 третмани со радијација.
„Како сум? Па, имав операција пред две-три недели, се обидоа да ги средаат работите, а со деталите нема да ве замарам, туку ќе кажам дека сега можам само да чекам. На 19 септември ќе одам повторно и тогаш ќе видиме дали ќе се случи чудо и ќе можам сам да одам до тоалет“, вели Ван Гал.
Тој се повлече од вториот престој на клупата на Холандија по поразот во четврт-финалето на Светското првенство од Аргентина, и беше заменет со Ронал Куман.