Top Sport

Ван Марвијк нов селектор на ОАЕ

Холанѓанецот Берт ван Марвијк (66) е именуван за нов селекторот на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати.

Ван Марвијк на клупата го наследи Италијанецт Алберто Закерони, кој поднесе оставка во јануари, по елиминацијата на оваа репрезентација, во полу-финалето на Купот на Азија.

Овој 66-годишник има исклучително богата тренерска кариера, работел во Феенорд, Борусија Дортмунд, Хамбург, а бил селектор на Холандија, Саудиска Арабија и Австралија.

Со репрезентацијата на Холандија во 2010 година, на Светското првенство во Јужна Африка го освои второто место. Холандија во финалето беше поразена од Шпанија со 0:1, со голот на Андрес Иниеста во 116 минута.

Scroll to Top