Робин ван Перси не е подготвен да стави крај на блескавата кариера, останувајќи уште една година во матичниот Феенорд, но сепак, беше запрашан каде и кога му било најтешко да игра.
34-годишниот поранешен ас на Арсенал и Манчестер јунајтед реши дека неговото тело е физички подготвено за уште една долга сезона, а во интервју со „Футбал интернационал“ од Холандија, тој откри дека едно гостување во Стоук сити било најтешко во неговата долга кариера.
„Имам болки со години, но болките се очекуваат во овој спорт. Фудбалот на највисоко ниво не е без жртви. Играњето во Премиер лигата го прави своето. Тоа е фудбал на највисоко ниво, толку што некои мечеви од Лигата на шампионите изгледаа како пријателски. Имаш само два-три метри да ја контролираш топката пред да те ’соберат’. Против Свонси на гости на пример и такви тимови беше невозможно. Таму немаш ниту метар. Најтешко беше кај Стоук сити, со силен ветер во стадионот. Тоа е најтешкиот меч на целиот свет. Такви мечеви ти носат повеќе лошо отколку добро“, вели Ван Перси.