Мауро Икарди нема „драма“ само во професионалниот живот на фудбалер на Интер, туку очигледно и во своето семејство, откако неговата сопруга (и агент) Ванда Нара објави дека ја тужи сестрата на фудбалерот, Ивана Икарди.
Двете жени се во конфликт откако на Икарди му беше одземена капитенската лента на Интер на 13 февруари, а тоа се зголеми откако Ивана се појави на „Гранде фратело ВИП“, италијанската верзија на „Големиот брат“.
„По уште еден напад за време на ’Гранде фратело ВИП’, госпоѓата Ванда Нара смета дека е потребно да објави дека госпоѓата Икарди Ивана е тужена за клевета по разните објави на социјалните мрежи со која се врши напад на честа и репутацијата. Исто така ја предупредуваме госпоѓицата Ивана Икарди да не го користи нејзиното име и имиџот на нејзиното семејство за да стане славна и богата“, напиша Ванда Нара на Твитер.
„Војна“ во семејството Икарди – сестрата Ивана против Ванда Нара