Големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул не разочара во првите 45 минути, во кои Јунајтед имаат предност од 1:0, а навивачите на гостите сметаат дека двапати се оштетени со користењето на ВАР-системот.
Внимателната игра се „отвори“ откако Маркус Рашфорд во 37. минута ја затресе мрежата на Алисон, но фудбалерите на Ливерпул сметаа дека претходно имаше фаул над Ориги, кој мораше да биде санкциониран. По прегледот на ВАР системот, голот остана.
Потоа во 43. минута, Садио Мане ја искористи грешката на Линделоф за да ја затресе мрежата на Јунајтед, но голот беше поништен откако тој играше со рака во приемот на топката.
Rashford turning into prime Rooney against Liverpool, you love to see it ? #MUNLIV pic.twitter.com/W6kE58vSFv
— ONOME (@MeetOnome) October 20, 2019
VAR cancelled Sadio Mane’s Goal ? #MUNLIV pic.twitter.com/JDChlKxsod
— ?? Royal-Tee ?? (@ObajemuJnr) October 20, 2019