Top Sport

ВАР фрустрација! На Бразил им поништија три гола, само реми со Венецуела (видео)

Домаќините и првите фаворити за титула на Копа Америка, Бразил пропуштија низа шанси и им беа поништени три гола за 0:0 реми со Венецуела во вторникот.

Роберто Фирмино постигна гол во финишот на првото полувреме, но судијата реши дека има фаул над гостите, пред Габриел Жесус во 60. минута да го постигне вториот гол, но ВАР-системот одлучи дека Фирмино бил во офсајд пред да се постигне голот.

На крајот, изгледаше дека Филипе Кутињо, конечно, донесе победа за „селесао“, но неговиот гол повторно беше поништен.

Бразилците остануваат први во групата со 4 поени, пред Перу со ист број победи, по нивната 3:1 победа над Боливија. Венецуела има два поени, а Боливија ниту еден.

Scroll to Top