Top Sport

Инфаркт-дербито У-21 за Франција, промаши два пенали, а победи со пресврт

Неверојатно возбудлив меч одиграа младите фудбалски репрезентативци на Англија и Франција во последниот натпревар од првото коло на Европското првенство за фудбалери помлади од 21 година што се одржува во Италија и Сан Марино.

На еден натпревар на кој има 3 гола, два пенали, еден автогол, еден црвен картон и одлука на победник во 95 минута – едноставно не може да не биде неинтересно.

Франција со пресврт славеше победа со 2-1 со автоголот на Ван-Бисака во 95 минута од мечот.

Претходно Французите имаа можност за водство уште во 25 минута. Муса Дембеле го промаши пеналот.

Во вториот дел со голот на Фил Фоден од Манчестер Сити Англија поведе со 1-0. Англичаните во 62 минута останаа со играч помалку. Чудхуру направи прекршок за црвен картон и за втор пенал за Французите. „Петлите“ повторно непрецизни од белата точка. Овојпат во стативата биеше Ауер.

Кога сите помислија дека Англичаните ќе ги освојат трите бода, Икон со гол во 89 минута носи реми 1-1.
Целосен пресврт, автоголот на Ван-Бисака пред последниот судиски свиреж и донесе голема радост и 3 бода на Франција.

Scroll to Top