Пулените на Жозе Мурињо, фудбалерите на лондонски Тотенхем попладнево беа пред победа против Њукасл во рамки на третото коло во Премиерлигата. Сепак ВАР технологијата ги спречи да го освојат целиот плен, мечот со Њукасл заврши 1-1.
Во четвртокот гостуваа во Скопје, кај Шкендија, а денеска имаа предизвик во екипата на Њукасл.
Гол вреден три бода за „спарси“ постигна Ламела по асистенција на Хари Кејн во 25 минута.
Капитенот се специјализираше како асистент изминативе мечеви откако во претходното коло „го хранеше со топки“ Мин Сон кој денеска немаше среќа да се запише во листата на стрелците. Во 42 минута упати одличен удар кој заврши во пречката од голот.
Така мислеа сите на стадионот во Лондон, но во 95 минута судијата покажа дека ќе погледне ВАР снимка дали имало игра со рака во шеснаесетникот на „петлите“. Снимката покажа дека Ерик Даер играл со рака, па Њукасл доби пенал.
Сигурен реализатор за конечни 1-1 беше Вилсон.
По воведниот пораз од Евертон (1-0), Тотенхем во двата наредни меча собра 4 бода, а исто бодовно салдо има и Њукасл, на стартот на шампионатот.