Top Sport

ВАР го исфрли Леганес од Ла Лига

Синоќа заврши сезоната во Ла Лига. Титулата по пауза од три години ја освоија фудбалерите на Реал Мадрид, а покрај нив во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја. Виљареал, Реал Сосиедад и Гранда ќе играат во Лига Европа, а од Ла лига испаднаа Еспањол, Мајорка и Леганес.

Последното коло не можеше да мине без контроверзии. Шпанците обвинуваат дека имало завера против Леганес.

Леганес во последното коло го пречека Реал, му беше потребна победа и во исто време Селта да не го совлада Еспањол за да остане во лигата. Селта одигра 0:0 против Еспањол, а Леганес два пати успеваше да ја стигне предноста на Реал, но не успеа да постигне гол за победа.

На овој меч се случи спорен момент кој покрена жестока дебата во Шпанија. Во 84 минута по обидот на Бустинза топката во раката го погоди Лука Јовиќ. ВАР реши дека немало елементи судијата Гиљермо Квадра да покаже на белата точка.

На социјалните мрежи одлуката на судијата е наречена „измама на годината“.

Поранешниот судија Хуан Андухар Оливер се согласува со мнозинството дека Леганес се оштетени.

„Чист пенал! Јасно е дека раката на Јовиќ не е во природна положба. Кога ќе погледнеме какви пенали беа судени во изминатите кола неразбирливо е зошто ова не е пенал. Лудост!“, рекол Андухар за „Марка“.

За потсетување, во февруари Барселона го искористи правото надвор од преодниот рок да ангажира еден фудбалер. Нивниот избор беше напаѓачот на леганес Мартин Брајтвајт, а откако трансферот беше реализиран ла Лига не му дозволи на Леганес да го надомести заминувањето на својот најдобар играч.

Теоретичарите на заври велат дека Леганес едноставно морале да испадна од Ла Лига…

Scroll to Top