Случувањата со ВАР системот во премиерлигашкиот меч помеѓу Тотенхем и Манчестер сити уште еднаш ја покажаа повремената бизарност на користењето на видео-помошта, но тоа не е ништо во споредба со дуелот од шпанската Сегунда помеѓу Фуенлабрада и Џирона.
Во 68. минута, фудбалерот на Фуенлабрада, Кристобал доби црвен картон, по што си замина од теренот и влезе во соблекувалната. Судиите во ВАР собата ги прегледуваа снимките, и потоа решија дека тој не заслужил црвен картон и го викнаа од соблекувалната да се врати во игра.
Да биде ситуацијата уште побизарна, само 20 секунди од неговото враќање на теренот, тој пак доби црвен картон поради удар со глава кон противничкиот фудбалер Гранелја.
Is this is funny or just plain ridiculous? Cristobal is sent off against Girona. VAR over rule it. By that point, the player has already gone to the changing room. He has to be called back, but then… gets sent off 20 seconds later for a head-butt pic.twitter.com/pI2ihk59An
— Andy Kerr (@AndyKerrtv) February 2, 2020