Top Sport

Варан: Ќе останам во Реал

Играчот од одбраната на Реал Мадрид, Рафаел Варан, открил дека нема намера ова лето да го напушти клубот. Варан со оваа изјава ги демантираше шпекулациите на медиумите дека во летниот преоден рок ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Варан има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година. Тој треба да ја предводи одбраната на Реал заедно со капитенот на тимот Серхио Рамос и во наредниот период.

„И следната сезона ќе играм за Реал. Сигурен сум дека можеме да ги оживееме емоциите. Оваа сезона ни недостигаше малку „оган“ во одредени моменти, и самиот не бев на највисокото ниво, но набргу ќе дојде вистинскиот Варан“, рекол 26 годишниот играч во интервју за „Марка“.

Scroll to Top