Вардар попладнево, во 11 коло, ќе гостува во Струга. Црвено-црните на оба тешко гостување ќе бидат без тренерот Александар Васоски.
Клубот соопшти дека поради смртен случај во семејството Васоски, тренерот нема да биде со својоттим.
„Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко.
ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти.
Нека почива во мир!“, соопшти Вардар.
Црвено-црните во отсуство на Васоски ќе ги предводат неговите асистенти Златко таневски и Раденко Бојовиќ.
Екипата на Вардар, во дуелот со Струга, влегува од деветтото место на табелата со 12 бодови, Стружани се четири места погоре на табелата, имаат три поени повеќе од црвено-црните.
Фото/fkvardar.mk