Top Sport

Вардар доведе уште четири нови засилувања

Најтрофејниот македонски клуб Вардар претстави уште четворица нови играчи во пресрет на новата сезона. Тоа се Јорго Папули, Боби Целески, Христијан Вецески и Матеј Николов, информираа „црвено-црните“.

Јорго Папули е 21 – годишен играч од одбраната кој дојде од романскиот клуб Стеауа. Боби Целески е 25 годишен голман и во Вардар пристигна од ФК Скопје.

Христијан Вецески е 23 – годишен играч од одбраната и средниот ред кој дојде од Пелистер. Матеј Николов е 21 – годишен играч на позицијата лев бек и во Вардар доаѓа како слободен играч.

Сите четворица потпишаа едногодишен договор со „црвено-црните“.

Scroll to Top