Вардар го доби и вториот заостанат натпревар од Првата лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 во градското дерби благодарение на голот на Тигран Барсегјан, со што ја намалија разликата на лидерите Шкендија на осум поени по крајот на есенскиот дел.
Ова беше дури деветти натпревар во нешто помалку од месец дена за македонскиот шампион, по историскиот прв настап во Лигата на Европа, и темпото го „фати“ Вардарци, кои ќе треба добро да се потрудат во есенскиот дел да ја надоместат големата разлика од тетовци.
Пред малкубројните гледачи, двете екипи имаа малку шанси, иако Вардар ја имаше иницијативата, а Николов го погоди и дирекот. Отпорот на „романтичарите“ беше скршен во 78. минута, кога по додавање на Фелипе, Барсегјан го постигна единствениот гол.