Top Sport

Вардар го назначи Туркмен за претседател за развој

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во клубот. Туркмен ќе биде задолжен за идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета.

Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција.

По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со УЕФА, А лиценца со која што се стекнува со големо искуство во развојот на фудбалот.

Од клубот ги најавија целите за наредната сезона, враќање во Првата ига и напад на трофејот во Купшот на Македонија.

„Како што најавивме претходно, во пресрет на наредната сезона направивме организациско преструктурирање во работењето на клубот по примерот на европските клубови со доведувањето на професионалец како Мухамед Туркмен во нашиот клуб. Сопственичката структура останува непроменета и јас како што ветив останувам како сопственик на клубот во наредната успешна ера која што ја најавивме за ФК Вардар. Во наредниот период ќе имаме прес конференција на која што ќе го претставиме новиот претседател и новиот управен одбор како и спонзорите кои што ќе помогнат да го вратиме Вардар на местото каде што припаѓа, а тоа е секогаш на врвот. Грешките од минатата сезона сакаме да ги поправиме и да најавиме дека со новите промени во Вардар, со ангажирање на вистинските луѓе Вардар ќе го направиме во европски стил кој што ќе биде финансиски стабилен и успешен како и до сега. Ќе се врати Вардар посилен како никогаш, бидејќи Вардар е душата на Македонија, бил и секогаш ќе остане“, изјави сопственикот на клубот Слободан Крстевски.

Scroll to Top