Top Sport

Вардар ја прекина лошата низа, Шкендија победи, пораз на Академијата

Три победи на домаќините и две за тимовите кои гостуваа донесе 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Лидерот Шкендија забележа нова победа, Академија Пандев запиша пораз од Победа, а актуелниот првак Вардар против Скопје ја прекина низата од три натпревари без триумф во домашниот шампионат.

Вардар против последнопласираниот градски ривал Скопје стави крај на низата од три натпревари на кои немаше помеда во домашното првенство. Актуелниот шампион победи со головите на Фелипе во 43, Максимов во 65 и Џигаури во 86 минута.

Шкендија со пресврт успеа да слави во дуелот со Работнички. Скопскиот тим поведе преку Гофри во 35 минута, а пет минути подоцна израмни Радески, а трите бода на лидерот му ги донесе капитенот Хасани со гол од пенал во 80 минута.

Академија Пандев доживеа непријатно изненадување во дуелот со Победа. Гостите од Прилеп постигнаа еден гол, преку Станиќ во 45 минута со кој ја однесоа победата од Струмица.

Минимална гостинска победа забележа и Силекс во дуелот со Шкупи. Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 13 минута кога Кривањева ја погоди сопствената мрежа.

Пелистер ја пречека Ренова и успае да слави 2:1. Фереира во 38 и Трифуновски од пенал во 48 минута беа стрелци за битолскиот тим, а голот за Ренова го постигна Нафиу од пенал во 80 минута.

Табела, 14 коло: 1. Шкендија 34, 2. Вардар (-2) 23, 3. Силекс 22, 4. Академија Пандев (-1) 21, 5. Ренова 17, 6. Работнички (-1) 16, 7. Пелистер 15, 8. Победа 15, 9. Шкупи 15, 10. Скопје 9.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top