Бобан Бабунски повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Вардар. Оваа за многумина (не)очекувана одлука клубот ја објави на својата официјална интернер страница.
Одлуката, за смената на Бабунски е неочекувана бидејќи Вардар за три дена го игра реваншот од првото квалификациско коло, во Лига Европа, против Пјуник. Ерменците, во Скопје, реваншот ќе го стартуваат со предност од 1:0.
Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа.
„На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка, и му посакуваме многу успех во иднина“, стои во клупското соопштение.
Екипата против Пјуник ќе ја предводи досегашниот асистент тренер Александар Васоски. По завршување на натпреварот во четврток, фудбалскиот клуб Вардар ќе донесе одлука кој ќе ја предводи екипата во иднина.
фото: fkvardar.mk