Top Sport

Вардар раскина со Џигаури и Итало

Џамбул Џигаури и Итало Хозе Оливеира Дос Сантос не се повеќе дел од фудбалскиот клуб Вардар. Договорите кои ги имаа двајцата фудбалери со „црвено-црните“ им истекоа по завршувањето на есенскиот дел, а клубот реши да не ја продолжи соработката со нив.

Џигаури во Вардар дојде во минатиот зимски преоден рок, одигра 40 натпревари и постигна пет гола. Еден од нив во постигна во Истанбул против Фенербахче, кога Вардар избори пласман во Лига на Европа.

Итало, пак, кон крајот на август му се приклучи на Вардар, сезонава настапи на 17 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола, три во првенството, и еден против Розенборг во Лига Европа.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top