Top Sport

Вардар се зацврсти на врвот

Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник, во дербито на седмата натпреварувачка рунда, во домашното првенство. Нерешениот резултат во Турново го искористи Вардар и со победата во Прилеп ја зголеми предноста на врвот за уште еден бод.

Вардар славеше над Победа минимално со 1.0. Единствениот гол на мечот го постигна Лира во 59.минута.

На останатите натпревари од ова коло Силекс и Македонија ЃП одиграа 1:1 исто како и Работнички и Беласица, додека Ренова славеше 2:0 против Шкупи.

Лидерот Вардар по седум кола има 17 бода, два повеќе од Академија Пандев и три од актуелниот првак Шкендија. На четвртото место е Победа со 11 бода, девет има Работнички, бод повеќе од Беласица. на седум бода се Македонија ЃП и Ренова, а на последните две позиции се Силекс со шест и Шкупи со пет бода.

фото: fkvardar.mk

Scroll to Top