Top Sport

Римското дерби за Рома (Видео)

Фудбалерите на Рома го совладаа Лацио 3:1 во „Дерби дела капитале“, одигран во рамките на седмото коло во Серија А. Мечот го обележа проектилот на Коларов и брилијантната партија на Пелегрини кој го замени Пасторе во 36.минута.

Првиот гол на натпреварот го постигна Пелегрини, на истекот на првиот дел, кога убаво се снајде пред голот на Лацио и го совлада Страхоша.

Рома имаше предност до 66.минута кога Имобиле ја казни катастрофалната грешка на Фацио. Водството на Рома и го врати Коларов, кој во 71.минута од слободен удар испрати проектил кон голот на Страхоша.

Конечниот резултат го постави Фацио во 86.минута, кога беше највисок во скокот по слободниот удар што го изведе Пелегрини.

По ова коло Лацио ќе остане на 12 бода, а Рома сега има бод помалку од градскиот ривал.

Scroll to Top