Top Sport

Вардар се збогуваше со ЛЕ со голем бод против Розенборг (видео)

Македонскиот шампион Вардар го освои првиот бод во натпреварите од групната фаза на Лигата на Европа, откако на студот во Скопје одигра 1:1 со норвешкиот шампион Розенборг.

Првата сезона во која еден македонски тим настапуваше во групна фаза на европско натпреварување, за Вардар ќе остане запаметена како година на „лекции“, откако дури во последниот меч успеаја да одиграат колку-толку рамноправно по високите порази од Реал Сосиедад и Зенит Санкт Петербург.

Поенот не ја менува ситуацијата на конечната табела, каде што Вардар е последен со 1 поен, четири помалку од Розенборг, и ужасна гол-разлика од 3:20.

Само што започна стадионот на полу-празната арена „Филип Втори“, бразилскиот напаѓач на Вардар, Итало ги донесе „црвено-црните“ во водство. Демири од левата страна го наоѓа Николов, кој ја спушта топката до Итало, кој рутинирано ја сместува топката во голот на гостите.

Во првото полувреме, Вардарци имаа уште неколку добри шанси. Во 21. минута, Блажевски додава до Барсегјан, кој шутираше над голот, а во 23. минута, во добар контра-напад преку Демири, Муслиу и Николов, Итало го наоѓа само голманот Хансен.

Гостите израмнија во истекот на првите 45 минути, откако Адегбенро излезе сам пред голманот Гачевски, кој го фаулираше и судијата покажа на белата точка. Проблематичниот дански напаѓач, „Лорд“ Никлас Бендтнер го израмни резултатот.

ГРУПА Л

Вардар – Розенборг 1:1

Реал Сосиедад – Зенит Санкт Петербург 1:3

Конечна табела: 1.Зенит 16, 2.Реал Сосиедад 12, 3.Розенборг 5, 4.Вардар 1

Scroll to Top