Top Sport

Вардар водеше до 73. минута, па доживеа катастрофа од Хајдук (видео)

Лидерот во македонската лига, Вардар со пораз ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона, откако во турскиот Белек загуби со 3:1 од хрватскиот клуб Хајдук, иако до 73-тата минута имаше предност од 1:0.

Дарко Мицевски ги донесе „црвено-црните“ во водство уште во 12. минута од мечот, резултат кој беше актуелен до 73-тата минута, кога клубот од Сплит почна со пресвртот и за 13 минути постигна три гола. Леон Крековиќ израмни на 1:1, Тони Теклиќ десет минути подоцна постигна гол за водство, а Крековиќ во 85. минута ги постави конечните 3:1.



Scroll to Top