Македонскиот шампион Вардар го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч со Реал Сосиедад во третото коло на Лигата на Европа.
Предводени од тренерот Чедомир Јаневски, за „црвено-црвените“ ова е последен вистински тест пред дуелот со шпанскиот великан во борба за првите поени во првиот настап во групна фаза во една од европските лиги.
Фото: ФК Вардар