Фудбалскоот клуб Вардар во раната фаза од сезоната реши да направи промени во стручниот штаб. Бобан Грнчаров ќе го напушти клубот, откако не успеа да освои ниту еден бод во првите три рунди.
Нов тренер на Варадр ќе биде Александар Васоски. Во наредните денови оваа информација треба да добие и официјана потврда. Васоски во 2020 година беше тренер на Вардар.
Бобан Грнчаров ќе се врати на својата позиција, координатор на младинската школа на најтрофејниот македонски клуб.
Тренерот со најмногу титули, Ѓоко Хаџиевски, треба да биде именуван за нов спортски директор на Вардар, позиција која досега ја извршуваше Александар Бајевски.