Лук Матесон фудбалер на Рочдејл, екипа која се натпреварува во англиската Лига 1, постигна гол синоќа против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафрд“ во Лига купот.
Ова и не би била некоја вест доколку не се работи за 16 годишник кој утрово морал да оди
во училиште бидејќи имал тест.
Матесон во 76 минута го израмни резултатот на 1-1, но неговиот тим не успеа да го изненади фаворизираниот противник.
„Одам во училиште, утре има тест по психологија. Се ова се случи многу бргу. Дебитирав на 15 септември, а сега постигнав гол на „Олд Трафорд“. Не можам да барам повеќе од ова“, им изјавил Матесон на англиските новинари.
Инаку, Манчестер Јунајтед го елиминираа Рочдејл по изведувањето на пенали со 5-3. Во наредната фаза тие ќе играат против Челси.