Откако и италијанското петочно дерби меѓу Интер и Рома заврши 0:0, и во шпанската Ла лига, напаѓачите не беа расположени за голови во дуелот меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид.
На „Естадио де ла Керамика“, двата тима имаа неколку изгледни шанси за гол, но на крајот мрежите мируваа.
Атлетико останува само шести во Ла лига со 26 поени со трет меч без победа, додека Вилјареал е на претпоследното место на табелата откако тие не успеаја да победат во последните шест меча.