На денешните воведни осминафинални мечеви од фудбалската Лига на шампиони, на дуелите меѓу Рома и Порто и Манчестер Јунајтед – ПСЖ за првпат ќе се користи ВАР технологијата.
Иако УЕФА сметаше дека Лигата на шампионите нема потреба од ВАР, сепак се премислија, па решија да ја користат уште во актуелната сезона, иако прелиминарно се сложија технологијата да се користи од идната сезона.
„Убедени сме дека воведувањето на ВАР ќе биде корисно за нашето натпреварување, ќе им овозможи голема помош на судиите и ќе овозможи да ги намалиме грешките“ – вели Роберто Росети, одговорниот за судиите при УЕФА.
УЕФА одлучи дека ВАР технологијата ќе се користи и во финалето од Лига Европа годинава.