Top Sport

Вечерва се игра финалето во Купот на Македонија

Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев вечерва од 18:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија.

Македонија ЃП по третпат ќе игра еден ваков натпревар во својата историја. Во 2006. година успеа со 3:2 да слави над Шкендија, три години подоцна загуби од Работнички на пенали.

2Ние силно го посакуваме трофејот, ќе влеземе максимално мотивирано, затоа што не делат 90, или пак, 120 минути до трофеј. За некои играчи можеби прв трофеј, но за нас е многу повеќе од тоа, затоа што носи и излез во Европа. Академија Пандев заслужува честитки за фудбалот оваа сезона. Но и ние „старите“ не сме за фрлање. Ќе се обидеме да покажеме дека останало нешто во нас. Се надевам дека младоста нема да не надвладее“, вели еден од најискусните играчи на Македонија Ѓ.П. Остоја Стјепановиќ.

За Академија Пандев ова е најголемиот меч во нивната куса клупска историја.

„Ни следи еден тежок и неизвесен натпревар. Играме против екипа која знае што сака. Македонија Ѓ.П. избори опстанок, сега ќе се бори за Европа. Ние имаме квалификации за Лига Европа, трето место сме, но не чека тим кој сигурно нема да биде лесно да се победи. Според мене, Куп финалето ќе го одлучат нијанси“, вели Сашко Пандев.

Scroll to Top