Холандскиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вут Вегхорст преку социјалните мрежи се обиде да го смири бесот на навивачите на „ѓаволите“ откако се појавија сними како пред катастрофалниот 7:0 пораз од Ливерпул на „Енфилд“ го допира знакот „Ова е Енфилд“, нешто што вообичено го прават само домашните фудбалери во знак на добра среќа.
„Вообичаено никогаш не реагирам на работи во медиумите, но овојпат вреди поради фантастичните навивачи на Манчестер јунајтед кои ми се важни. Сакам да го објаснам видеото што се појави. Бидејќи играме заедно во холандската репрезентација, знам дека Виргил Ван Дајк секогаш го допира знакот и сакав да се обидам да го спречам како шега пред мечот. Како дете, секогаш сум навивал за Твенте, а сега како горд играч на Манчестер јунајтед, целосно сум посветен на овој неверојатен клуб. Неделата беше ужасен ден за сите нас и правиме многу да го поправиме тоа во следните неколку недели. Ќе се вратиме посилни заедно и ќе ги оствариме целите оваа сезона“, вели Вегхорст.
„Фанот“ на Ливерпул, Вегхорст ги налути навивачите на Манчестер јунајтед