Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни бил уапсен на аедором во Вашингтон во алкохолизирана состојба додека ги пцуел луѓето од обезбедувањето на аеродромот.
Руни, кој настапува за МЛС клубот Ди Си јунајтед, бил уапсен на 16 декември во Вирџинија според последните судски документи кои се појавија на Интернет. Тој бил пуштен набргу откако ветил дека ќе се појави пред судија (поради што немало кауција), и платил 25 долари казна плус 91 долари за трошоците.
„Тој беше донесен во центарот за приведување во Лоудоун на 16 декември 2018 поради обвинување за појавување во јавност во алкохолизирана состојба и пцуење на луѓето од полицијата на аеродромот во Вашингтон“, потврди портпаролот на полицијата во округот Лоудоун во Вирџинија.
#BreakingNews: DC United’s Wayne Rooney was arrested on public intoxication and swearing charges, sources tell @abc7news #MLS #DCUnited pic.twitter.com/W4KWnnDkcT
— Erin Hawksworth (@ABC7Erin) January 6, 2019
JUST IN: Wayne Rooney’s booking photo from his December arrest in Loudoun County has been released. (Courtesy of @LoudounSheriff) https://t.co/voAdoQRZ56 pic.twitter.com/pnpWOVWGrT
— ABC 7 Sports (@ABC7Sports) January 6, 2019