Легендарниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ja отфрлил можноста да се врати на „Олд Трафорд“ ова лето. Менаџерот на Дерби Каунти добил понуда да му се приклучи на стручниот штаб на Ерик тен Хаг за следната сезона, но тој одбил со образложение дека сака да работи само како главен менаџер.
Вчера Манчестер Јунајтед објави дека Тен Хаг потпишал тригодишен договор, со опција за дополнителни 12 месеци. Тој со себе на „Олд Трафорд“ ќе го земе сегашниот помошник во Ајакс, Мичел ван дер Хаг. Поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен исто така ќе се приклучи на стручниот штаб на Холанѓанецот.
Претходно во текот на сезоната, Руни одби да се врати во Евертон како менаџер бидејќи сакаше да остане верен на Дерби Каунти поради тешкотиите на клубот.