Сараево по поразот на „Пецара“ во Широки Бријег го пречекува Радник во 20. коло на Премиер лигата на Босна и Херцеговина и македонскиот напаѓач на „бордо“ клубот, Крсте Велкоски вели дека не е задоволен од односот на неговите колеги.
„Не ни останува ништо освен да победиме утре. Свесни сме дека одигравме многу лошо, но утре ќе го дадеме максимумот. Лошиот терен не може да биде оправдување за ништо – мораме да се бориме и да гинеме за овој дрес“, изјави Велкоски.