Top Sport

Велкоски стрелец во лутото дерби на БИХ, Зрињски и Сараево ги поделија бодовите (видео)

Дербито на 17. коло во Премиерлигата на Босна и Херцеговина помеѓу Зрињски од Мостар и Сараево заврши со 2:2 по драматични пресврти, напната атмосфера и пенал за реми за домаќините.

Зрињски имаше подобро отварање на мечот и во 11. минута дојдоа до водство преку Немања Билбија, пред во 60. минута, македонскиот интернационалец Крсте Велкоски за израмни на 1:1 со гол од пенал по фаул во шестнаесетникот.

Гостите стигнуваат до пресврт во 71. минута преку Адукор, меѓутоа на десет минути пред крајот, домаќините стигнуваат до израмнување преку Билбија од контроверзен пенал.




Scroll to Top