Top Sport

Германец ги „реши“ Флензбург! ПСЖ на Раул со импресивна кам-бек победа

Пари Сен-Жермен ја продолжи победничката низа во ракометната Лига на шампиони, откако губеше во поголемиот дел од мечот со Флензбург за на крајот да стигне до шокантна 29:28 победа благодарение на голот на Германецот Уве Генсхајмер.

Германскиот клуб имаше предност од три гола на полувреме (12:15), но во драматична завршница, клубот на поранешниот тренер на Вардар и актуелен македонски селектор, Раул Гонзалес не се предаде и стигна до седмата победа во исто толку меча во ЛШ за да се промовираат во први кандидати за освојувањето на титулата.

Генсхајмер заврши со осум голови, а Недим Ремили имаше шест, додека за Флензбург не беа доволни деветте гола на Симон Јепсен.

Кјелце пак, стигна до убедлива победа од 36:26 на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест декласирајќи ги домаќините, а Бјерингбро/Силкеборг остана непоразен во групата Ц (каде што е и Металург) со 30:24 гостинска победа кај Чеховски медведи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО

Чеховски медведи – Бјерингбро/Силкеборг 24:30 (10:16)

Мешков Брест – Виве Кјелце 26:36 (13:15)

Пари Сен-Жермен – Флензбург 29:28 (12:15)

Scroll to Top