Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации.
Поради повредите на одредени фудбалери, списокот на селекторот, претрпе одредени измени во однос на претходните натпревари на репрезентациите.
Давид Митов Нилсон, Стефан Ристовски и Дарко Велковски се повредени, додека првиот меч со Лихтенштајн, Елиф Елмас и Езџан Алиоски, ќе го пропуштат поради жолти картони.
Нови играчи се голманот Дејан Илиев (Арсенал) и напаѓачот Крсте Велкоски (Сараево).
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија во Вадуц се игра на 16. ноември, а три дена подоцна, квалификацискиот циклус ќе црвено-жолтите ќе го завршат против Гибралтар.
Во пресрет на последните две средби Македонија со девет бода е лидер во групата, со три бода повеќе од Ерменија и Гибралтар. Лихтенштајн е на последната позиција во Групата 4, со три бода.