Велс на Рајан Гигс ги започна квалификациите за Европското првенство во 2020 година со важна 1:0 победа над Словачка дома во Кардиф, додека Русија се „опорави“ по поразот од Белгија со убедлива 4:0 победа на гостувањето во Казахстан.
Дефанзивецот на Свонси, Дениел Џејмс имаше совршен старт на репрезентативната кариера за „змаевите“ од Велс, откако уште во петтата минута донесе водство за домаќините, кое на крај се покажа како клучно. Словачка имаше повеќе од шансите во остатокот на натпреварот, но на крајот остана без заслужениот поен.
Денис Черишев постигна два гола, Артем Ѕјуба додаде уште еден, а Казахстан си постигна и автогол, за „зборнаја“ да стигне до убедлива 4:0 победа на гости во Астана.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020
ГРУПА Е
Велс – Словачка 1:0
ГРУПА И
Казахстан – Русија 0:4
ВЕЛС – СЛОВАЧКА 1:0