Венеција потврдија дека го отпуштиле тренерот Паоло Занети и дека тој ќе биде заменет од првиот човек на јуниорскиот Примавера тим, Андреа Сончин.
„Клубот би сакал да се заблагодари на Паоло Занети и на неговиот тим за професионализмот и за тоа што историски ја врати Венеција во Серија А. Сите го споделуваме успехот од минатата сезона, но мораме да ја преземеме одговорноста за неуспесите оваа сезона“, вели претседателот на клубот, Данкан Нидерауер.
Венеција се бори за опстанок и нема победа во Серија А од февруари, заглавувајќи на последното место на табелата со шест поени заостанување зад 17-пласираниот Каљари со меч помалку.