Новиот италијански прволигаш, Венеција успеа да извлече поен против Торино, благодарение на пенал во финишот на натпреварот, кој заврши 1:1.
Дуелот на „Марк’Антонио Бентегоди“ не донесе многу шанси во првото полувреме, пред Хрватот Јосип Брекало да даде гол за водство на гостите во 56. минута од мечот. Сепак, Венеција успеа да остане непоразена само вторпат во новата сезона, откако во 77. минута, Матија Араму беше прецизен од пенал, откако Торино остана со играч помалку по црвениот картон на Кофи Џиџи.
Торино е на деветтото место на табелата со 8 поени откако се непоразени во последните четири меча, додека Венеција е на 18. место со само 4 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore