Top Sport

Венгер ќе работи во ФИФА додека чека интересна понуда

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер ќе почне да работи со ФИФА во следните неколку недели додека чека „вистинска“ понуда од „интересен“ клуб, тврди американскиот „ЕСПН“.

Французинот, кој следниот месец ќе наполни 70 години ќе има „техничка“ улога во ФИФА, која уште не е одредена, но ќе биде на позиција да менува работи и да има големо влијание. И покрај ова, прв приоритет на Венгер е клупскиот фудбал, но не би одбил ниту интересна понуда од некоја репрезентација.

Венгер си замина од Арсенал летото 2018 година по 22 години во клубот, и оттогаш според сопствено признание одбил повеќе понуди, од кои најинтересна секако беше позицијата во Пари Сен-Жермен, но не на тренерската позиција туку на местото спортски директор.

Scroll to Top