Top Sport

Венгер: Не сфаќам зошто во Челси не го сакаa Нкетија

Еди Нкетија стана миленик на фановите на Арсенал, откако 18-годишниот Англичанец постигна два гола во драматичната 2:1 победа по продолженија над Норич сити во Лига-купот, и неговиот тренер Арсен Венгер не сфаќа зошто Челси се откажале од талентираниот напаѓач.

Нкетија беше дел од школата на Челси до својата 14 година, но според англиските медиуми, „сините“ не биле воодушевени од начинот на кој тој се однесувал кон физичките подготовки. Венгер не знае како е можно тоа.

„Не знам што се случувало во Челси. Тој постигнуваше голови и на младинско ниво и искрено не ми е јасно зошто го ослободија. Ќе го гледате почесто тоа. Младите фудбалери одат од клуб во клуб. За мене тој е фудбалер од врвен квалитет и еден од тие кои ме изненадија во претсезоната. Се надевам дека ќе има долга кариера во Арсенал. Ние сме горди што можеме да им дадеме шанса на младите луѓе“, изјави Венгер.

Тинејџерот Нкетија ги спасуваше „топчиите“

Scroll to Top