Top Sport

Венгер поради една одлука го критикува Артета

Арсен Венгер и оваа сезона со големо внимание го следи Арсенал.

Легендарниот тренер на овој клуб коментираше некои одлуки на Микел Артета, а една навистина не му се допаѓа.

„Не верувам во ротација со голманите. Мора да има хиерархија меѓу голманите. Поинаку не може да функционира“, изјави Арсен Венгер.

Факт е дека нема јасна слика за тоа кој е вистинската „единица“ на Арсенал и кој е човекот кој ќе биде меѓу стативите кога ќе дојдат најважните натпревари во сезоната.

Дејвид Раја добива шанса оваа сезона поради некои лоши настапи на Арон Рамсдејл.

За кого би се одлучил Венгер?

„Лично ми се допаѓа начинот на кој Рамсдејл брани. Да бев на негово место, не би се откажал. Мислам дека тој има шанса да се врати во тимот”, изјави Венгер.

Scroll to Top