Арсен Венгер го најде своето прво вработување по заминувањето од Арсенал по 22 години, откако ФИФА го именуваше Французинот за нов шеф на глобалниот фудбалски развој.
Венгер беше прв фаворит за преземање на Баерн Минхен по отказот кој го доби Нико Ковач, но Баварците решија да го постават Ханс Дитер Флик на привремена позиција. Ова ќе биде прв ангажман на Венгер по заминувањето од Арсенал на крајот на 2017/18.
70-годишниот ветеран ќе биде одговорен за растот и развојот на фудбалот низ целиот свет и ќе биде член на Фудбалскиот технички совет, кој ќе биде вклучен во потенцијалните промени на фудбалските правила заедно со ИФАБ. Венгер исто така ќе ја предводи Техничката групација за развој, која ги анализира интернационлните турнири.
„Го сакам новиот голем предизвик, не само поради тоа што секогаш сум бил заинтересиран за анализирање на фудбалот, туку и поради мисијата на ФИФА која е навистина глобална. Мислам дека можам да помогнам во одредувањето на целите на фудбалот и на ФИФА. Целосно ќе се посветам на оваа улога“, вели Венгер.
? Welcome to the team, 'Le Professeur'
⚽️ Arsene Wenger is FIFA’s new Chief of Global Football Development
Read more: https://t.co/V8TFLTcJvf pic.twitter.com/C2ChWCEd23
— #U17WC ??⚽️ (@FIFAcom) November 13, 2019