На поранешниот долгогодишен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер не му се допаѓа правецот во кој се движи модерниот фудбал, поточно одземањето на моќта на фудбалските менаџери и давањето можност да се слушне гласот на навивачите.
Французинот, кој нема работа по 22 години во Арсенал, а беше поврзуван со низа клубови низ Европа, вели дека „социјалните мрежи“ ќе почнат да прават одлуки за замени во мечевите, а менаџерите ќе се обични „роботи“.
„Кажав повеќе пати, можеме да замислиме дека некој нареден претседател на некој клуб да каже социјалните мрежи да решат кој ќе влезе во второто полувреме. Тоа ќе се случи, иако јас лично никогаш не би го прифатил. Јас сум од ’старата школа’, но се движиме во тој правец. Што е најлошо, моќта на социјалните мрежи не се гледа во мнозинството, туку во гласното и екстремно малцинство. Ист проблем има со демократијата, тоа е диктатура на малцинството. Нема да ме чуди за 20 години да видиме роботи на местото на менаџерите“, вели Венгер.
Фото: ЕПА